Product Logo

Onyx Navision NET Licenca
Onyx Navision EE Enterprise е систем дизајниран за брзорастечки компании кои бараат стабилност, напредна функционалност и адаптибилност на системот. Широкиот спектар на функции го прави овој систем корисен за сите во компанијата, од одделот за управување и продажба до сметководство и им овозможуваат на вашите луѓе да донесат важни деловни одлуки со поголема доверба. Овие решенија ги автоматизираат и насочуваат финансиските, клиентските односи и процесите на синџирот на снабдување и продажба на начин што може да ви помогне за постгнување на деловниот успех.

Оникс Навизија ЕЕ редовно се прилагодува и ажурира за да одговари навремено на сите законски измени (платен список, данок на доход, ДДВ...). Апликацијата е ажурирана и подготвена секој пат кога има измени во законите и регулативите, што значително влијае врз употребата на апликацијата.


Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата


Alternate Text

База на Податоци

Сигурна база на податоци поставена на MS SQL Server платформа.

Alternate Text

Заштита на податоци

Заштита на податоците со 256 bit - на SSL енкрипција креирана внатрешно од MS SQL Server.

Alternate Text

Достапност на податоци

Достапни податоци во секое време и на секое место преку интернет конекција (VPN, DDNS provider, фиксна IP Адреса).

Alternate Text

Увид во реално време

Увид на вашиот бизнис во реално време, POS системот моментално комуницира со ERP системот.

Alternate Text

Прилагодлив систем

Прилагодлив систем според Вашите потреби благодарение на модуларната архитектура на истиот.

Alternate Text

Централизиран менаџмент

Сите податоци и документи се наоѓаат во една заедничка база.

Alternate Text

Артикли

Импорт од Excel за брзо внесување на артикли од увоз, Групирање во три нивоа по групи подгрупи и подподгрупи како и неограничен број партии, подршка на артикли со сорт во 21 величина, 6 продажни ценовници, 1 слика, 6 веб слики печатење на декларации, етикети и стендови. Ги подржува и двата типа на артикли, производи и услуги

Alternate Text

Барања и нарачки на купувачи

Прифатете ги нарачките од купуваччите директно или преку Вашето е-commerce решение интегрирано со Оникс Нависион. Нарачката минува низ следниот процес: се изготвува понуда, по прифаќање на понудата автоматски со еден клик се изготвува испратница и фактура по што артиклот е спремен за подигање или испорака

Alternate Text

Категории на артикли

Артиклот може да припаѓа на одреден производител, група, подгрупа и подподгрупа. Оваа хиерархиска логичка поделба се применува при преглед на лагер, преглед на продажба или при креирање на промоции или обновување на акции (групни нивелации).

Alternate Text

Нивелации на Артикли

Брзо и едноставно групно нивелирање на цените ( намалување или покачување) на артиклите преку разни филтри (можете да нивелирате цени само за одредена група ил производител ....) со што автоматски разликите во цени се пресликуваат и во нивелациска книга и во трговска книга

Alternate Text

Автоматски законски евиденции

Автоматско генерирање на сите законски барани книги како што се се нивелациска книга, трговска книга, ДФИ книга, МЕТГ книга , Книга за сервисни услуги ...

Alternate Text

Девизни Калкулации

Премсетајте ја набавната цена што ја увезувате со вклучени сите трошоци без да го чекате Вашиот сметководител брзо, лесно и пред се точно

Alternate Text

Банкарски изводи

Опција со која можете да ги внесувате банкарските изводи и во секое време да ја следите состојбата на коминтентите и добавувачите како и да ја контролирате работата на Вашите книговодители

Alternate Text

Електронска Архива

Сите важни документи можете да ги скенирате и сочувате во базата и потоа преку различни филтри лесно да ги најдете и испечатите или снимите како PDF формат без притоа да губите драгоцено време пребарувајќи по класери

Alternate Text

Коминтенти

Креирање на Коминтенти во кој покрај основните податоци може да се дефинира попуст во проценти или конкретен ценовник со избор од 6-те продажни ценовници

Alternate Text

Емаил известувања

Можност за испракање на известувања преку маил на повеќе коминтенти одеднаш како и креирање на шаблони според кои би се пратил маилот

Alternate Text

Креирање Нарачки кон Добавувачи

Можност за креирање на нарчки кон Вашите добавувачи и нивен екпорт во ексел како би ви ги дефинирале цените и потоа импорт на истиот ексел со евентуално корегирани цени. По примање на нарачаната стока има можност за креирање на целосен или делумен прием директно од смата нарачка

Alternate Text

Печатење на Декларации

Можност за печатење на декларации на артикли директно на термален принтер со одбирање на одредени артикли или одбирање на документ и печатење за сите артикли од документот со соодветни количини

Alternate Text

Понуди и меилови

Креирајте понуда со податоци и слики во позадинската апликација. Ипечатете ја заедно со профактура, или автоматски испратетеја по e-mail директно на купувачот.

Alternate Text

Менаџирање на програма за лојалност

Можност за издавање картичка за лојалност на клиентот со доделен попуст како и следење на продажбата за истиот преку соодветни извештаии.

Alternate Text

Префрлање на производи

Префрлање на производи од главен магацин во продавница или од продавница во продавница со креирање на еден документ и еден клик.

Alternate Text

Попусти и промоции

Доделете попуст на одреден коминтент, или на група на производи на промоција при што автоматски се креираат нивелации за намалените артикли.

Alternate Text

Кориснички привилегии

Доделување на правила со специфични дозволи на корисниците за да бидете сигурни дека само овластениот персонал може да изврши специфични операции, лимитиран пристап на корисниците базирано на правила и по табови(менија) групи па дури и икони. Најавувањето е преку лозинка или пин код.

Alternate Text

Прегледи за Сметководство

Специјално приготвени прегледи и печатење за во сметководство во кои што се сумирани и разложени по тарифни групи како и по производи и услуги сите битни податоци за секој книговодител да може лесно и точно да изврши книжење на истите како и да направи брза проверка на неговите со Вашите податоци

Alternate Text

Фактурирање

Брзо и едноставно креирање на фактура од испратница со само еден клик како и праќање на фактурата на маил директно од програм со можност за електронски потпис со што би заштедиле на време и пари за разлика од праќање преку пошта и исто така би биле сигурни дека фактурата е добиена од страна на коминтентот

Alternate Text

Следење на лагер

Голем број на извештаи кои помагаат за менаџирање на залихата, како и повеќе прегледи на лагер листа со можност за информации за достапност по други магацини со слика информации и достапни велични доколку артиклот има сорт, детален преглед на лагер листа со приказ на примени продадени и вратени количини.

Alternate Text

Креирање на Акции

Можност за креирање на акции (попусти на одредена група на артикли во одреден временски период) т.е креирање на акции за во иднина како би можеле да се потготвите за истата при тоа ден претходно сите продавници и магацини ќе добијат автоматско известување на маил со листа на артикли на акција дека наредниот ден почнува некоја акција.

Alternate Text

Попис

Брзо и едноставно креирање на попис на цел лагер или парцијален попис на количини и сериски броеви на лагер без притоа да мора да се прекинува со работа во објектот. Во комбинација со мобилната алатка ONEE Mobile Tools истиот ќе го направите за најкратко можно време и најважно точно.Со само клик на копче се прават сите потребни документи за средување на попишаните количини и сериски броеви

Alternate Text

Типови на наплата

Типовите на наплата се креираат и означуваат при продажба (при креирање на испратница) со цел преку посебен преглед да имате евиденција од каде (од карго, од која банка...) колку средства да очекувате по основ на наплата со можност за менување на статусот на документот во наплатен со само еден клик.

Alternate Text

Следење на Испорака

Можност за договарање на испорака со клиентите како и нејзино следење дали некој документ е со испорака кога е договорена испораката како и дали е испорачан или не е како и менување на статусот на документот од неиспорачан во испорачан со клик во самиот преглед.

Alternate Text

Маѓумагацински нарачки

Можност за креирање на документ Меѓумагацинска Нарачка со кој одреден магацин (продавница) парави нарачка на стоки од дург магацин (најчесто главн магацин) за дополнување на лагер или за краен коминтент. Со креирање на документот не се влијае на лагерот на конкретниот магацин т.е со креирање на Нарачка артиклите не се одземаат ниту додаваат од лагер се до моментот на реализација на нарачката.

Alternate Text

Менаџирање на Сериски Броеви

Можност за внесување на сериски броеви на Влез, Излез и Исорака, следење на лагер листа по сериски броеви како и генерирање на сопствени сериски броеви за артикли кои немат фабрички. Повеќе проверки со цел намалување на грешки при излез или испорака да се издаде грешен артикал.

Alternate Text

Договори и Договори шаблони

Можност за креирање и лесно пребарување на веќе креирани договори како што се авторски договори, договори за закуп и сл.Можност за креирање на готови шаблони за договори кои се повторуваат и нивно повикување при креирање на нов договор со цел за побрзо креирање на истиот.

Alternate Text

Маркетинг Известувања

Можност за креирање на база на потенцијални коминтенти како и испракање на известувања преку маил на повеќе потенцијални коминтенти одеднаш. Можност за креирање на шаблони според кои би се пражале маиловите како и можност за праќање на .eml формат на емаил.

Alternate Text

Начин на Лиценцирање

Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.




Следен чекор ?

Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: