Onyx Navision NET Modul Osnovni Sredstva Модулот за основни средства претставува апликативно, програмско решение кое им овозможува на корисниците евиденција и обработка на основните средства на претпријатието како и на ситниот инвентар . Исто така модулот овозможува приказ на средствата заедно со инвентарните броеви и на сите соодветни настани како набавка, амортизации продажба или расходување поврзани со нив преку соодветни картици на основни средства или ситен инвентар.
Книжењата во главната книга се одвиваат автоматски со еден клик на амортизација директно во финансов налог по конта кои се утврдени(Внесени) при креирање на основните средства .
Модулот Основни средства овозможува и правење на попис на основни средства и ситен инвентар со автоматско печатење на одлуки за попис, Пописните листи, извештај од пописна комисија како и одлука за расход. и истите се вадат по потреба на службите со што се исполнува и законската обврска за усгладување на фактичката состојба. Пописот може да се направи во секое време, да се зачува и споредува. Во модулот за Основни Средства, при изготвувањето на пописот, после внесот на физичкиот попис, автоматски се прави документ за амортизација за раход на основни средства кои ги нема на пописот како и расходување на Кусок и Вишок на ситниот инвентар.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Евиденција на Основни Средства
Можност за евиденција по инвентарен број и баркод, организациона единица локација, ..
Евиденција на Ситен Инвентар
Можност за количинска евиденција по баркод, организациона единица локација, ..
Печатење инвентарни броеви
Можност за печатење на инвентарни броеви на одбрани или сите ОС директно на термален принтер
Пресметка на амортизација
Автоматска пресметка на амортизација
годишна или месечна на основни средства по зададени критериуми
Продажба и Расходување
Креирање документ за продажба или расходување со автоматска пресметка на амортизација до датум на продажба т.е расход.
Ускладување на ОС во амортизации
Автоматски ускладување на основни средства во неускладени амортизации (амортизации во кои основното средство не е амортизирано а треба да е)
Автоматско Книжење Амортизации
Автоматско книжење во финансов налог на амортизација по конта кои се утврдени(Внесени) при креирање на основните средства
Расход на ситен инвентар
Расходување на ситен инвентар количински по деловни единици поединечно за конкретен ситен инвентар или збирно од попис за инвентар кои има разлики во количини по попис.
Попис на Основни Средства
Правење на попис во секое време на основни средства со автоматско печатење на одлуки за попис, пописни листи, извештај од пописна комисија како и одлука за расход, по внес на физичкиот попис, автоматски се прави документ за амортизација и раход на ОС кои ги нема на пописот.
Попис на ситен инвентар
Правење на попис во секое време на ситен инвентар со автоматско печатење на одлуки за попис, пописни листи, извештај од пописна комисија како и одлука за расход, по внес на физичкиот попис, автоматски се прави документ за расходување на Кусок и Вишок на ситниот инвентар.
Разни прегледи
Целосен преглед на ОС со амортизација на ОС, предглед на отпишани средства, картици на основни средства и ситен инвентар и останати извештаи
.
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license).
Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: