ONEE APP Mobile Tools Апликацијата ONEE Mobile Tools е наменет пред се за работа на доставувачите на роба како би го елиминирале моментот на грешка при испорака (да се испорача друг артикал не нарачаниот) и магационерите кои при внес на робата во магацинот лесно ќе можат да ги внесат и потврдат сериските броеви на прием со што би се елиминриал и грешниот прием како и можност за правење на попис на артикли со или без сериски броеви. Апликацијата поседува сè што е потребно за ефикасно, лесно и најбитно без грешки да правите прием и испорака на нарачаната роба.
Апликацијата ONEE Mobile Tools им овозможува на магационерите и доставувачите директно од својот паметен уред да можат да внесуваат сериски броеви на прием како и при испорака и да ги имаат сите потребни информации за артиклот од достпни количини и величини, цени и детални описи без притоа да мораат да одат до работниот пулт. Истотака апликацијата овозможува правење попис на артиклите количински и попис на сериски броеви.Сите информации се во релано време без потреба од разни синхронизации со главната база на податоци. Апликацијата е прилагодена кон димензиите на мобилниот уред така што работните форми се дизајнирани како би можеле да бидат што поедноставни и поинтуитивни за користење.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Лагер Листа
Целосана лагер листа на сите продукти од матичниот магацин со можност за пребарување на артиклите по дел од име. Приказот покрај името, лагерот цената содржи и слика од самиот артикал.
Детален Опис
Со клик на копче покрај основните податоци може да добиете детален опис за конкретен артикал (детални технички карактеристики, специфични карактеристики за артиклот и сл)
Креирање на Попис
Можност за креирање на попис со внес на количини и сериски броеви директно од паметниот уред без притоа да мора да се прекинува со работа во објектот. Пописот може да го вршат повеќе луѓе одеднаш од различни уреди.Внесувањето на преброените артикли се врши лесно со само неколку клика како целиот процес на попис би го завршиле за најкратко можно време и без грешки со разни заштити при внесување како што се дали артиклот е веќе попишан за да не се внесе ист артикал двапати на пописот, дали серскиот број е веќе внесен во таа ставка и сл.
Пребарување на Артикал
Можност за пребарување на информации за конкретен артикал со внесување на шифра или баркод по што ќе се приказе само бараниот артикал со целосен ценовник (цени од цена 1 до цена 6) како и дополнителни информации како што се боја, состав, сорт и сл
Достапност по магацини
Со клик на копче можете да ја проверите достапноста на одреден артикал и во другите Ваши магацини или продавници.
Достапност по Сорт
Со клик на копче можете да ја проверите достапноста на сортови / величини на одреден артикал доколку за истиот е одреден некој сорт.
Преглед Приемници
Преглед на сите приемници кои содржат артикли со сериски броеви при што во самиот преглед покрај бројот на документот, име на коминтентот и вкупен износ означено е и уште колкуу сериски броеви фалат да се внесат според количината на прием.
Преглед на Испратница
Преглед на сите испратници кои содржат артикли со сериски броеви при што во самиот преглед покрај бројот на документот, име на коминтентот и вкупен износ означено е и уште колкуу сериски броеви фалат да се внесат според количината на излез.
Преглед на испратници за Испорака
Преглед на сите испратници кои се означени за испорака а не се сеуште испорачани при што во самиот преглед покрај бројот на документот, име на коминтентот и вкупен износ означено е и уште колкуу сериски броеви фалат да се внесат според количината на излез како и Име, адреса и телефон на примателот на робата..
Внес на сериски броеви на Прием
Можност за внес на сериски броеви директно од паметниот уред во приемница за артиклите кои имаат сериски броеви со проверки при внес дали артиклот е означен дека има сериски број, дале е претходно внесен во истиот прием (двапати внесен) како и дали е внесен по претходен прием а сеуште е на лагер како и проверка да не се внесат повеќе сериски броеви од впишаната количина во ставката.
Внес на сериски броеви на Излез
Можност за внес на сериски броеви директно од паметниот уред во испратница за артиклите кои имаат сериски броеви со проверки при внес дали внесениот сериски број е внесен во прием за таа шифра на артикал во тој магацин, дале е претходно внесен во истата испратница (двапати внесен) како и дали е внесен во некоја друга испратница т.е веќе е издаден како и проверка да не се внесат повеќе сериски броеви од впишаната количина во ставката.
Внес на сериски броеви при Испорака
Можност за внес на сериски броеви директно од паметниот уред во испратница која е означена за испорака за артиклите кои имаат сериски броеви како потврда дека се испорачува точниот артикал што е назначен во испратницата со проверки при внес дали внесениот сериски број се софпаѓа со серискиот број внесен во испратницата за таа шифра, дале е претходно внесен како испорачан во истата испратница (двапати внесен) како и дали е внесен во некоја друга испратница т.е веќе е издаден како и проверка да не се внесат повеќе сериски броеви од впишаната количина во ставката. Со овие проверки можноста за грешка ја сведувате на минимум бидејќи доставувачот нема да може да издаде друг артикал бидејќи нема да се софпаѓаат сериските броеви во моментот кога ќе го куца како испорачан.
Означувањње на ставка како испорачана
Можност при испорака директно од паметниот уред во испратница која е означена за испорака за артиклите кои немаат сериски броеви да се означи самата ставка како испорачана со тоа што кога сите ставки од испратницата ќе бидат испорачани документот автоматски ќе го смени статусот во испорачан.
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: