ONEE APP Mobile VET ONEE Mobile VET е апликација наменета за закажување на ветеринарни прегледи како и преглед на некои основни податоци преку мобилни паметни уреди на андроид платформа чија цел е ефикасно да управувате со распоредот на прегледите како и полесно од било кое место преку Вашиот паметен уред да дојдете до основните податоци. Апликацијата е прилагодена кон димензиите на мобилниот уред така што работните форми се дизајнирани како би можеле да бидат што поедноставни и поинтуитивни за користење. Апликацијата ONEE Mobile VET овозможува закажување на прегледи преку календарски преглед како и прегледи на сопственици, пациенти и промет.
Со бурните секојдневни активности и обврски важно е каде и да сте лесно и ефикасно да управувате со распоредот и податоците. Управувајте со вашето време поефикасно и закажете ги прегледите со нашиот водич за календарско планирање со неколку клика од Вашиот телефон во секое време од денот без притоа да морате да бидете во ординацијата лесно пристапувајќи до клучните информации преку едноставни икони и бои.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Календарски приказ
Календарски приказ на зафатени и слободни тремини по датум и час од кој со клик на копче можете да закажете преглед од Вашиот телефон. Приказот може да биде подесен на месец, недела, ден...
Закажување Преглед
Можност за закажување или за измена на веќе закажан преглед со клик н акопче од самиот телефон и венсување на основните информации како што се име на пациент, сопственик, датум и час на закажан преглед..
Преглед на Пациенти
Листа на пациенти каде се прикажани основните податоци за пациентот како што се тип, раса микрочип, дали е стерилизиран и сл. Пребарувањето може да го извршите и по дел од име на пациентот.
Преглед на Сопственици
Листа на сопственици каде се прикажани основните податоци за сопственикот како што се телефонски броеви, е-маил адреси и сл. Пребарувањето може да го извршите и по дел од име на пациентот.
Преглед на дневен Промет
Листа по магацини/ординации на дневен промет групиран по тип на наплата (готово, картичка или фактура). Пребарувањето може да го извршите за конкретна дата како и по корисник во системот кој го направил прометот.
Подесување на системот
Можност при подесување на системот да се одреди корисникот во која ординација работи (доколку имате повеќе ординации) како би ја гледал зафатеноста само во неговата ординација.
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: