Product Logo

Onyx Navision NET Modul Servis
При креирање на овој модул, ние се водевме од потребите на увозниците, дилерите и сервисерите, чиј бизнис зависи целосно од процесите на продажба и од услугите за пост-продажба и процесите на одржување за продажната опрема и производи. Секоја трговска компанија, која вклучува какви било сериозни сервиси во својот бизнис, знае колку е тешко да се управува без систематско и ефикасно досие на сите услужни процеси и фази на работа. По преземањето на предметите за поправка, или рутинско одржување, исклучително е важно да се водат точни записи за сервисирање на опрема, залихи и делови за евиденција и да се продолжи со анализирање на зачестеноста на дефектите и случајната изведба на сервисерот.

Модулот за сервис е наменет за управување со сервиси во склоп на претпријатието и одговара на бизниси од сите големини во повеќе индустрии. Основните карактеристики вклучуваат управување со клиенти, прием на сервис, сервисирање, реализација и фактурирање, управување со залихи, следење на претходни сервиси за ист уред, реализација по сервисери и разни извештаии.


Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата


Alternate Text

Работен налог за сервис

Лесно креирање на налог за сервис с внес на коминтент, контакт лице, опис на дефект опис на прилог, можност за доделување конкретен сервисер што ќе го работи налогот ...

Alternate Text

Евидентирање на статуси

Можност за евидентирање на различни статуси на сервисниот налог како што се сервисиран, реализиран, подигнат ... со цел за полесно пребарување.

Alternate Text

Историја на сервисирање

При креирање на налог за ист сериски број автоматски се прикажува историјата на сервисирање на уредот доколку ја има.

Alternate Text

Разни печатења

Можност за различни печатења како што се прием на сервис во А5 формат или на 112 милиметарска хартија на термален принтер, печатење на налог за сервис и др.

Alternate Text

Преглед на налози за сервис

Преглед на налозите за сервис по разни филтри (статус на налозгот, коминтент, сервисер, период на креирање, телефонски број, сериски број ...)

Alternate Text

Испратници од Сервис

Преглед на сите испратници креирани од сервисни налози со можност на различно филтрирање како што се од датум до датум, сервисер, сериски број, контакт име и слично.

Alternate Text

Книга на сервис

Преглед на сервисирани уреди по разни филтри како што се сервисер, датум од датум до, по сериски број, по контакт име ....

Alternate Text

Преглед на гаранции

Лесна и едноставна проверка дали уредот е под гаранција со внесување на сериски број..

Alternate Text

Начин на Лиценцирање

Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license). Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.




Следен чекор ?

Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: