Onyx Navision NET Modul Web Модулот WEB содржи повеќе алатки кои овозможуваат интеграција и синхронизација на Вачиот постоечки Onyx Navision EE ERP систем и Вашата web продавница со што се овозножува интеграција на повеќе бази на податоци во повеќе различни системи, предизвикувајќи тие да се однесуваат како еден систем.Овој вид интеграција е пригоден кога различни алатки или различни системи, кои се потребни за свои специфични цели, мора да остварат различни функции во истиот сет на податоци.
Користењето на модулот за WEB им овозможува на двата системи (Onyx Navision EE ERP систем и Вашата web продавница) да користат и одржуваат конзистентен преглед на податоците во системите во реално време. Интеграција со модулот за WEB им овозможува на системите да работат оптимално додека одржуваат интегритет на податоци и во двата синхронизирани системи.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Импорт на слики
Можност за импортирање слики во артикли со специјална алатка директно во база и со синхронизација истите да се пресликаат во базата што е на веб
Поврзување со Onyx Navision EE
Поврзување со апликацијата за полесно менаџирање на веб страната
Синхронизација на податоци
Рачна или автоматска (на одбран временски интервал) синхронизација на податоците.
Дефинирање на податоци за на Веб
Сами одлучувате кои артикли, групи, коминтенти како и лагери од магацини ќе се прикажат на њеб
Креирање на Б2Б корисници
Овозможување на веб пристап на Ваши коминтенти со дефинирани цени специјално за нив.
Синхронизација на Лагер
Рачно или автоматска (на одреден временски интервал) синхронизација на достапниот лагер на производите.
Автоматско Креирање нарачки
Нарачките креирани на веб автоматски се генерираат во апликацијата
Преглед на Веб нарачки
Преглед и реализација во испратница на веб нарачките со еден клик.
Групи, Подгрупи и Подподгупи
Можност за креирање на веб групи, веб подгрупи како и веб подподгрупи на артикли кои ќе се прикажуваат на веб страната а можат да бидат различни од групите, подгрупите и подподгрупите кои Ви се веќе внесени во системот.
Експорт на слики од Артикли, Групи и Подгрупи
Можност за експорт на слики на Артикли, Групи и Подгрупи што се во база на локален диск за полесна обработка и евентуална корекција на истите. По обработката истите со алатката за импорт можат лесно да се вратат изменети назад во базата.
Преглед на Нарачки од екстерна база
Можност за преглед и печатење на нарачки кои се креирани на екстерната база со разни филтри за приказ на прегледот (реализирани не реализирани, за одреден период или пребарување по име на нарачателот).
Преглед на претплатници (subscribe)
Преглед на претплатници (subscribe) кои се пријавиле на Вашата веб страна за добивање на информации со можност за филтрирање по дел од име или по дел од запишан коментар.
Праќање на Емаил известувања
Можност испракање на маркетинг известувања како и информациски известувања преку маил на повеќе претплатници или корисници одеднаш. Можност за креирање на шаблони според кои би се пражале маиловите како и можност за праќање на .eml формат на емаил.
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license).
Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: