Product Logo

Onyx Navision NET APP POS
Апликацијата за ПОС работење претставува апликативно решение со ПОС функционалности за брза продажба во продавница. Современо и лесно решение кое ви овозможува управување и следење на продажбата и издавање на фискални сметки. Апликацијата може да работи преку мрежа (online) или индивидуално (offline), нудејќи неограничени можности за промоции и попусти, обезбедува функционалност и едноставен кориснички интерфејс за да ги извршувате секојдневните процеси непречено и лесно. Употребата е интуитивна и лесна, па затоа со задоволство ќе се користи од сите вработени без притоа да се губи драгоцено време во дополнителни обуки и дообјаснувања.

Onyx Navision POS е комплетно решение кое ви овозможува продуктивно работење на вашите продажни места вклучувајќи лесно додавање на ставки, спецификации, различни видови на плаќање, управување со залихи, детални комерцијални, фискални и материјални извештаи итн. Низ годините Оникс Софтвер соработуваше со голем број продавници и трговски компании за да изгради систем за продажба кој е моќен и флексибилен за раководење ланец на продавници но истовремено брз и едноставен за употреба.


Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата


Alternate Text

Модови на работа

Можност за работа во два мода, online директно поврзување со главната дата база и преглед на сметките во реално време и offline мод работа на локална база и преглед на сметките откако ќе се префрлат во главната база.

Alternate Text

Процедури за почеток на ден

Внесете го износот во каса на почетокот на денот. направете синхронизација на податоци, на крај на денот проверете го прометот извадете дневен финансов извештај внесете го во системо и направете синхронизација на документи доколку е потребно.

Alternate Text

Синхронизација на документи во главна база (offline mod)

Префрлање на креираните документи (сметки, сторни ...) во главната база од локалната база.

Alternate Text

Синхронизација на податоци од главна база (offline mod)

Префрлање на главните податоци (Артикли, Коминтенти ...) од главната база во локалната база.

Alternate Text

Подршка на фискални принтери

Апликацијата ги подржува скоро сите фискални принтери како принтерите на Акцент, Давид, Дуна...

Alternate Text

Промет

Преглед и печатење извештај на прометот по типови на наплата и по касиери.

Alternate Text

Извештаи

Преглед и печатење на повеќе извештаи како што се: лагер листа, промет по арт.групи, промет по артикли, промет по денови, промет сторниран...

Alternate Text

Начини на работа

Можност за работа со екран на допир и со тастатура на лесен и едноставен начин. Секое копче има своја кратенка на тастатурата.

Alternate Text

Начини на наплата

Повеќе начини на наплата (во готово, на картичка, на фактура) како и комбинација од истите (дел на картичка, дел во готово) како и автоматски калкулатор за враќање на кусур.

Alternate Text

Нова сметка

Лесно креирање на сметка со баркод или пребарување по име, целоен опис со слика на артиклот како и можност за проверка на цена и количина без куцање на артиклот во сметка.

Alternate Text

Сторно Сметка

Лесно креирање на сторно сметка со баркод или пребарување по име на артикалсо можност за сторнирање само на дел од сметка (само на артиклите што се враќаат)

Alternate Text

Одложување на сметка

Можност за одложување на сметка и нејзино повторно повикување како би се наплатила со само еден клик

Alternate Text

Начин на Лиценцирање

Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.




Следен чекор ?

Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: